Отворен повик за Регионалниот фонд за иновации EWI

Друго
Отворен повик за Регионалниот фонд за иновации EWI

Повикот е наменет за тимови предводени од жени од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Регионалниот фонд за иновации EWI, воспоставен во рамки на регионалниот проект „Economic Inclusion and Justice for Women of the Western Balkans – EWI“, е отворен за пријавување на тимови предводени од жени кои развиле и веќе ја тестирале својата иновација и имаат јасен и мерлив придонес кон економското вклучување на жените. Фондот поддржува веќе валидирани иновативни решенија, а не идеи кои се на самиот почеток на развој. Особено се охрабруваат решенија со потенцијал за понатамошно развивање, проширување и примена во други заедници или земји.

Кои иновации се поддржуваат?

Прифатливи се иновации од различни области, меѓу кои:

  • 💻 Дигитални решенија кои го подобруваат пристапот на жените до пазари, финансии или можности за вработување;
  • 🌱 Зелени и еколошки иновации, вклучително и модели поврзани со циркуларната економија;
  • 💼 Нови бизнис, финансиски или модели за вработување кои создаваат нови економски можности за жените;
  • 🚀 Решенија со потенцијал за скалирање и реплицирање во други заедници или земји.

Што добиваат избраните тимови?

Процесот на селекција ќе се одвива во неколку фази. Приближно 6–8 тимови ќе бидат избрани за учество во четиринеделна онлајн менторска и акцелераторска програма.

Програмата има цел да им помогне на тимовите дополнително да ја развијат и зајакнат својата иновација и да се подготват за финалната фаза на финансирање.

По завршувањето на програмата, тимовите ќе поднесат финална апликација и ќе се натпреваруваат за место меѓу до пет финалисти на Регионалниот настан за презентација на иновациите – EWI Regional Innovation Pitching Event.

Вкупно се достапни 54.000 евра за директна финансиска поддршка, со можност за доделување до 27.000 евра по иновација на два до три избрани тимови.

Како да аплицирате?

Пред поднесување на апликацијата, заинтересираните тимови треба внимателно да го прочитаат целосниот:

👉 Повик за изразување интерес – EWI Regional Innovation Fund

Потребно е да се пополни:

👉 Формулар за изразување интерес

и да се достават сите задолжителни прилози:

  • Анекс 1 – Индикативен буџет – преземи го документот;
  • Анекс 2 – Проценка на ризици – преземи го документот;
  • CV-а на членовите на тимот;
  • доказ за регистрација;
  • потпишани изјави;
  • други задолжителни и опционални документи, согласно условите во повикот.

Сите текстуални одговори треба да се внесат директно во формуларот, а потоа документот да се зачува/извезе во PDF формат.

PDF формуларот, Анекс 1, Анекс 2 и останатите задолжителни и опционални документи треба да се спакуваат во еден ZIP/compressed фајл.

Фајлот треба да се испрати преку WeTransfer на:

📧 [email protected]

Во полето за порака потребно е да се наведе:

Expression of Interest for EWI Regional Innovation Fund – [Name of Innovation / Team]

📅 Краен рок

1 октомври 2026 година, до 23:00 часот CET

За дополнителни информации во врска со повикот, можете да се обратите на [email protected].

Регионалниот фонд за иновации EWI е воспоставен во рамки на проектот „Economic Inclusion and Justice for Women of the Western Balkans – EWI“, кој го спроведува CARE Balkans, во партнерство со LINK во Босна и Херцеговина, ENECA во Србија, Tehnopolis во Црна Гора и Strategic Development Consulting во Северна Македонија, во рамки на International Partnerships Austria, со поддршка од Austrian Development Agency (ADA).

Ако вашиот тим веќе има развиено и тестирано иновативно решение кое создава конкретни економски можности за жените, ова е можност да добиете менторска, акцелераторска и финансиска поддршка за негов понатамошен развој.

Целиот текст тука

Подели членак: