Поддршка за економско зајакнување и претприемништво на младите во Кочанскиот регион

Друго
Поддршка за економско зајакнување и претприемништво на младите во Кочанскиот регион

Во рамки на проектот „EU Civil Resilience Mechanism Phase II: Support for Civil Society and Grassroots Organisations“, финансиран од Европската Унија, е објавен нов Повик за предлози за ин-кaјнд поддршка на граѓански организации „Поддршка за економско зајакнување и претприемништво на младите во Кочанскиот регион“. Повикот е наменет за граѓански организации кои работат со млади и имаат потенцијал да придонесат кон нивното економско зајакнување, стекнување нови вештини, вработување и развој на сопствени идеи и иницијативи. Поддршката се фокусира на активности преку кои младите ќе можат да стекнат дигитални и AI вештини, претприемачки компетенции, знаења за вработување и развој на сопствени бизнис идеи, со посебен фокус на потребите на локалната заедница.

Приоритети на повикот

Секој апликант треба да избере еден од следните два приоритети:

1. Дигитални вештини, AI писменост и економско зајакнување на младите

Активности насочени кон стекнување дигитални и AI компетенции кои младите можат да ги применат за:

  • вработување и развој на кариера;
  • понатамошно образование и учење;
  • фриленс и онлајн услуги;
  • подобрување на нивната економска самостојност.

2. Младинско и социјално претприемништво

Активности кои ќе им помогнат на младите да:

  • развијат претприемачки вештини;
  • креираат и развиваат сопствени идеи;
  • основаат младински иницијативи, мали бизниси и стартапи;
  • создаваат економска и социјална вредност во својата заедница.

Достапна поддршка

Вкупниот буџет на повикот изнесува 300.000 евра.

Секоја избрана акција ќе добие ин-кaјнд поддршка во вредност од 10.000 до 15.000 евра, за период од 10 месеци.

Сите прифатливи трошоци поврзани со реализацијата на акцијата се покриваат целосно, а не е потребно кофинансирање од страна на организацијата.

Проектот директно ги плаќа давателите на услуги за потребните стоки и услуги, додека организацијата добива надомест за својот акциски тим.

Кој може да аплицира?

На повикот можат да аплицираат непрофитни, невладини граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Организациите треба:

  • да бидат регистрирани и активни во Кочанскиот регион најмалку три месеци пред објавувањето на повикот;
  • да имаат годишен обрт под 50.000 евра во последната затворена финансиска година;
  • организации без претходна финансиска активност исто така се подобни за аплицирање.

За потребите на овој повик, Кочанскиот регион ги опфаќа општините Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

Информативни сесии

Заинтересираните организации се охрабруваат да учествуваат на една од информативните сесии:

  • 15 октомври 2026, 11:00 часот – Кочани (локацијата дополнително ќе биде потврдена)
  • 27 октомври 2026, 11:00 часот – онлајн
  • 6 ноември 2026, 11:00 часот – онлајн

За учество на информативните сесии, потребно е да се испрати е-пошта на [email protected] најдоцна до 9 октомври 2026 година, 17:00 часот.

Во е-поштата треба да се наведат името на организацијата и имињата и е-поштенските адреси на најмногу двајца учесници.

Прашања

Прашањата во врска со повикот може да се доставуваат на [email protected] најдоцна до 6 ноември 2026 година, 17:00 часот.

Сите прашања и одговори ќе бидат објавувани на веб-страницата www.eu4cr.mk, во делот „Frequently Asked Questions“.

Како да аплицирате?

Апликациите треба да бидат поднесени на англиски јазик и да ги содржат:

  • Апликациски формулар (Анекс А);
  • Буџет (Анекс Б);
  • потребната придружна документација.

Документите за аплицирање – Упатства за апликантите, Анекс А – Апликациски формулар и Анекс Б – Буџет – се достапни на www.eu4cr.mk.

Краен рок за аплицирање

16 ноември 2026 година до 17:00 часот.

Повикот претставува можност за локалните граѓански организации да развијат и реализираат конкретни активности кои ќе придонесат кон подобрување на вештините, економските можности и претприемачкиот потенцијал на младите во Кочанскиот регион.

Целиот повик тука

Подели членак: