Чет-ГПТ, Џемини и Клод
„Чет-ГПТ“, „Гугл“ и „Клод“ спаѓаат меѓу најпознатите алатки на вештачката интелигенција. Сите три можат да одговараат на прашања, да пишуваат и да уредуваат текстови, да анализираат документи и да помагаат во програмирањето, но се разликуваат по одредени функции, интеграции и начинот на кој корисниците можат да ги употребуваат. Не постои еден чет-бот што е најдобар за секоја задача. Изборот зависи од тоа дали на корисникот му е потребна помош во пишувањето, пребарување актуелни информации, анализа на податоци, генерирање слики или работа на програмски код. Важно е и тоа што можностите се менуваат со развојот на моделите, па одредени функции може да зависат од верзијата, претплатата и достапноста во одреден регион.
И покрај сите предности, постои една клучна работа што важи за сите три алатки - можат да генерираат неточни информации, погрешно да го протолкуваат документот или да наведат извор што не го потврдува изнесеното тврдење. Затоа, одговорите на прашања од областа на здравството, правото, финансиите и други важни области треба да се проверуваат. Алатките за вештачка интелигенција можат да го забрзаат истражувањето и обработката на содржината, но сè уште не се целосно сигурни.
Целосната објава е на следниот линк