В недела почнува зимското сметање на времето
В недела, 25 октомври, во 3 часот наутро стрелките се враќаат на 2 часот, а поместувањето на часовникот повторно го отвора прашањето што со години предизвикува расправии - дали воопшто треба да го менуваме времето и кое сметање би било подобро да се задржи? Научниците имаат прилично јасен одговор. Според новата научна анализа, трајното зимско сметање на времето би било поповолно за човечкото здравје отколку трајното летно сметање на времето.
Кога повторно ги поместуваме часовниците?
Во Македонија на зимско сметање на времето преминуваме в недела, 25 октомври. Тогаш во 3 часот наутро стрелките ќе ги поместиме еден час наназад, на 2 часот. Тоа значи дека таа ноќ ќе имаме еден час повеќе за спиење, но во попладневните часови порано ќе се стемнува.
Иако за укинувањето на поместувањето на часовникот се дебатира со години, конечна одлука на ниво на Европската Унија сè уште не е донесена. Европскиот парламент уште во 2019 година го поддржа предлогот за укинување на сезонското поместување на часовникот, но земјите членки не постигнаа договор за тоа дали треба трајно да се задржи летното или зимското сметање на времето. Затоа, барем засега, ќе продолжиме да ги поместуваме часовниците двапати годишно.
Целосниот текст прочитајте го на следниот линк