Growing Green: People, Nature & Action

Growing Green: People, Nature & Action

Дали те интересираат заштитата на животната средина, рециклирањето, еколошкиот начин на живот и работата со деца и млади? Организацијата OBCIANSKE ZDRUZENIE KERIC, во соработка со CSDS Vietnam, нуди можност за волонтерски ангажман во Ханој, Виетнам, како Environmental Education & Green Space Coordinator. Целта на проектот е да се подигне свеста кај младите и локалната заедница за заштита на животната средина и одржлив начин на живот, преку работилници, зелени активности и практични иницијативи.

🌿 Што ќе работи волонтерот?

Како дел од проектот, волонтерот ќе има можност да:

  • организира и реализира интерактивни работилници за одржливост и еколошки начин на живот;
  • работи со деца и млади од различни возрасни групи;
  • собира и организира материјали за рециклирање и нивна креативна повторна употреба;
  • учествува во креирање рециклирани игралишта;
  • уредува зелени простори на отворено и во затворен простор;
  • организира акции за чистење на јавни простори;
  • учествува во зелени кампањи;
  • следи и оценува какво влијание имаат работилниците и зелените простори;
  • подготвува содржини за социјални медиуми.

Волонтерот ќе има простор за креативност и самостојно развивање на активности, со поддршка од локалниот тим, младите и тимот на CSDS.

👤 Кој може да се пријави?

Проектот е особено погоден за млади кои имаат интерес или искуство во:

  • организација и координација на активности и работилници;
  • заштита на животната средина, рециклирање и управување со отпад;
  • работа со деца и млади;
  • креирање едукативни содржини, игри и интерактивни материјали;
  • DIY активности и изработка со рециклирани материјали;
  • креирање визуелни материјали, презентации и содржини за социјални медиуми.

Се очекуваат и креативност, флексибилност, комуникациски вештини, иницијативност, лидерски способности и интерес за работа во мултикултурна средина.

🏠 Што е обезбедено?

Волонтерот ќе биде сместен во волонтерска куќа во Ханој, во двокреветна соба која се дели со уште еден волонтер од ист пол.

Обезбедени се:

  • Wi-Fi;
  • топла вода;
  • клима уред/вентилатори;
  • храна 3 пати дневно, од понеделник до недела, со исклучок на сабота;
  • основна опрема за користење на кујната;
  • месечна автобусна карта за бесплатно користење на јавниот превоз во Ханој.

🎓 Обука и поддршка

На почетокот на волонтерскиот ангажман е предвидена 5-дневна обука, преку која волонтерите ќе се запознаат со виетнамската култура, начинот на живот и работа.

Дополнително, волонтерите ќе имаат можност за:

  • часови по виетнамски јазик;
  • културни тури и активности;
  • поддршка и менторство од локалниот тим и волонтери;
  • посети на невладини организации, здруженија и клубови кои работат на заштита на животната средина.

📍 Локација

Ханој, Виетнам

🌏 Ова е можност да стекнеш меѓународно искуство, да работиш со деца и млади и истовремено да придонесеш кон создавање позелена и поодржлива локална заедница.

👉 Повеќе информации и пријавување тука

Организација: OBCIANSKE ZDRUZENIE KERIC
Партнер во Виетнам: CSDS Vietnam
Програма: European Solidarity Corps

Подели членак: