„Hand in Hand for a Better Europe!“ – долгорочно ESC волонтирање
Сакаш да поминеш 6 до 12 месеци во друга европска земја, да работиш со деца и млади и да стекнеш практично искуство во неформално образование и социјална инклузија? 🇪🇺 Проектот „Hand in Hand for a Better Europe!“ нуди можност за долгорочно ESC волонтирање во Баја Маре, Романија, со активности во урбани и рурални заедници во регионот Марамуреш.
Основни информации
- Организација: Asociatia American International School of Transylvania – AIST
- Локација: Баја Маре, Романија
- Времетраење: 6–12 месеци
- Тип: долгорочно волонтирање во рамки на Европскиот корпус на солидарност
- Возраст: 18+
- Области: младинска работа, неформално образование, социјална инклузија и работа со деца и млади
Што ќе правиш како волонтер?
Волонтерите ќе бидат вклучени во активности со различни целни групи – од деца во градинка и основно училиште, до средношколци и студенти.
Активностите вклучуваат:
- планирање и спроведување едукативни активности;
- активности за социјална инклузија;
- користење методи на неформално образование;
- работа со деца и млади од урбани и рурални средини;
- поддршка на активности во локални заедници;
- прилагодување на активностите според потребите на учесниците;
- соработка со локални партнери и меѓународен тим.
Проектот се реализира во Баја Маре и други рурални и урбани заедници во регионот Марамуреш.
Што ќе стекнеш?
Преку практичната работа ќе имаш можност да развиеш:
- комуникациски и социјални вештини;
- вештини за работа со деца и млади;
- компетенции за планирање и реализација на едукативни активности;
- искуство во неформално образование;
- способност за работа во мултикултурен тим;
- флексибилност и адаптивност;
- лично и професионално искуство корисно за понатамошно образование и вработување.
Што е обезбедено?
За време на волонтирањето се обезбедуваат:
- безбедно и централно сместување во Баја Маре;
- покриени трошоци за комуналии и основни услови;
- средства за храна;
- волонтерски додаток;
- надомест на прифатливите патни трошоци;
- велосипед за локален транспорт и/или автобуски билети за активности надвор од Баја Маре;
- обуки;
- менторска поддршка.
Кој може да се пријави?
Можноста е наменета за лица над 18 години кои:
- се заинтересирани за учење и личен развој;
- сакаат да работат со деца и млади;
- се отворени и толерантни кон други култури;
- се одговорни, позитивни, енергични и комуникативни;
- се флексибилни и подготвени за работа во мултикултурна средина;
- имаат основно познавање на англиски јазик.
Особено се охрабруваат да се пријават млади со помалку можности.