Јавен повик за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумска содржина

Грант
Јавен повик за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумска содржина

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан (ко-финансиран од ЕУ), објавува повик за мали грантови за продукција на медиумска содржина за апликанти од Северна Македонија.

За кого е наменет повикот? За мали и локални медиумски организации кои сакаат да го подобрат квалитетот, професионализмот и влијанието на својата содржина, со фокус на релевантност за локалните заедници и новинарски интегритет.

Времетраење на проектите: до 12 месеци од потпишување на договорот.

Како да аплицирате? Преку пополнување на формуларот за проектен предлог и буџет (достапни на веб-страницата на Метаморфозис). Целокупната документација со детални упатства е исто така достапна на платформата Journalift.

Краен рок: 25 јуни 2026 година (до 23:59)
Повеќе информации на следниот линк

Подели членак: