Отворен повик за доделување мали грантови во рамки на проектот POLICY ENLARGE

Грант
Отворен повик за доделување мали грантови во рамки на проектот POLICY ENLARGE

Отворен е повикот за доделување мали грантови во рамки на проектот POLICY ENLARGE – R&I Policy Support for Enlargement Countries, наменет за поттикнување на прекуграничната соработка во областа на истражувањето и иновациите.

Преку повикот се обезбедуваат вкупно 300.000 евра за поддршка на заеднички активности и краткорочна мобилност на организации и професионалци од земјите опфатени со процесот на проширување на ЕУ.

Повикот е отворен од 9 септември 2026 година до 3 мај 2028 година, со четири рокови за евалуација на пристигнатите апликации. Првиот рок е 12 ноември 2026 година, до 17:00 часот.

Повеќе за провикот прочитај тука

Подели членак: