Награден конкурс за енергетска ефикасност на домаќинства во Куманово

Грант
Награден конкурс за енергетска ефикасност на домаќинства во Куманово

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, во соработка со Општина Куманово, со цел да ги промовира и поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организираат јавен награден конкурс за домаќинства кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и домаќинство. Со конкурсот ќе се промовираат и наградат ефикасна енергетско-социјална и еколошка промена во домаќинството во општината за домаќинствата да станат енергетски поефикасни, со што ќе се популаризираат мерките што ги примениле, како и постигнатите економски, социјални и еколошки придобивки. Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан, организиран во Општина Куманово како завршен настан на јавната кампања за промоција на енергетската ефискасност на домаќинствата и придобивките кои ги овозможува.

Зошто е важна енергетската ефикасност во домот?

Енергетската ефикасност значи да трошиме помалку енергија, а да живееме поудобно. Со едноставни подобрувања во домот, како подобра изолација, нови прозорци или поефикасни уреди, може значително да се намалат сметките за струја и греење – дури и до 40 отсто. Тоа значи повеќе пари во семејниот буџет и потопол дом во зима, а посвеж во лето. Воедно, со помала потрошувачка помалку се загадува, што е добро за сите нас. Постојат и можности за финансиска поддршка, како кредити и субвенции, кои ја олеснуваат оваа инвестиција. Најдобро е да се започне со проверка на домот, за да се види каде се губи енергијата и што може да се подобри.

Цел на наградниот конкурс

Целта на конкурсот е преку награди на домаќинства кои направиле напор да станат енергетски поефикасни и нивните лични примери, да ги мотивира останатите домаќинствата на локално ниво да преземат конкретни чекори за подобрување на енергетската ефикасност во своите домови, преку информирање, практични примери и финансиски поттик.

Кои се придобивките од наградниот конкурс?

Целта на наградниот конкурс е преку него да се изградат долгорочни навики за одговорно користење на енергијата, да се намалат трошоците на домаќинствата и да се придонесе кон почиста животна средина на ниво на општината.

Преку конкурсот, општината може да ја зголеми свеста кај граѓаните за придобивките од намалена потрошувачка на енергија, да поттикне примена на мерки како изолација, ефикасни уреди или обновливи извори, и да создаде позитивни искуства и приказни кои ќе ги истакнат добрите практики.

Како долгорочен резултат, се очекува придобивките од мерките за енергетска ефикасност (што не мора да значат користење само на чиста енергија) да се широко прифатени од граѓаните и домаќинствата и да се промовирани од локалната самоуправа.

Наслов на наградниот конкурс

„Штеди енергија – освој вредна награда!“

Задача на наградниот конкурс

Да се мотивираат граѓаните активно да применуваат мерки за енергетска ефикасност во своите домови и секојдневие, преку едноставен, интерактивен и видлив награден конкурс.

Времетраење

Наградниот конкурс ќе биде отворен за пријави четири недели и ќе заврши со финално извекување на награди на јавен настан во општината.

Целиот повик тука

Подели членак: