Јавен повик за спроведување постапка за доделување договор за набавка на ново патничко возило

Друго
Јавен повик за спроведување постапка за доделување договор за набавка на ново патничко возило

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-Пиндскиот масив“ (Project 101214048 – LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear), проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување договор за набавка на ново и некористено патничко моторно возило со погон на сите четири тркала (4×4).

Предметот на набавката е едно (1) возило наменето за потребите на Македонско еколошко друштво, кое ќе се користи за реализација на активностите предвидени во рамките на наведениот LIFE проект, вклучително и за патување и теренска работа.

За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување договор за набавка на стоки со број 04/2026.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда со целокупната потребна документација за предметот на набавката, по пошта или лично, на следната адреса:

Македонско еколошко друштво
ул. „Тодор Скаловски“ бр. 9А
1000 Скопје

Понудата треба да биде доставена најдоцна до 11.09.2026 година до 15 часот. На надворешниот плик задолжително треба да биде наведено: „За јавен повик бр. 04/2026“, како и предупредувањето „Да не се отвора пред датумот за отворање на понудите“.

Дополнителни прашања во врска со повикот може да се достават на следната е-адреса: [email protected], не подоцна од 15 дена од денот на објавување на повикот.

Целосната документација за јавниот повик може да се преземе во ПДФ формат на следниот ЛИНК.

Подели членак: