Јавен повик за учество на камп за млади

Друго
Јавен повик за учество на камп за млади

RE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност 14 август 2026 година Пријави се за камп за активна мобилност во Охрид! Вело училишта и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објавуваат јавен повик за избор на 20 млади лица за учество на четиридневен камп за активна мобилност, кој ќе се одржи од 31 август до 3 септември 2026 година во Охрид. Кампот се организира во рамки на проектот RE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност, чија цел е повторно да ги мотивира и вклучи младите кои се надвор од системите на образование, вработување и обука преку практични, интерактивни и инклузивни активности.

Што ќе добиете од учеството?

Во текот на четирите дена, учесниците ќе имаат можност да:

  • стекнат практични знаења за активната мобилност, безбедното движење и одржливите начини на транспорт;
  • развиваат комуникациски, лидерски и тимски вештини;
  • ја зајакнат својата самодоверба, иницијативност и активно учество во заедницата;
  • научат како преку мали локални акции можат да придонесат кон побезбедни, позелени и поинклузивни заедници;
  • стекнат искуство кое може да придонесе кон нивната понатамошна вработливост, образование и личен развој.

По завршувањето на кампот, учесниците ќе бидат охрабрени да реализираат кратки младински активности во своите локални заедници, со поддршка од проектниот тим.

Кој може да се пријави?

Повикот е наменет за 20 млади лица на возраст од 16 до 30 години од Северна Македонија кои припаѓаат на NEET групата.

NEET (Not in Education, Employment or Training) се млади кои во моментот:

  • не се вработени;
  • не посетуваат формално образование;
  • не се вклучени во програми за стручна обука или доусовршување.

Особено се охрабруваат да аплицираат млади кои се соочуваат со социјални, економски или географски пречки, имаат ограничени можности за личен и професионален развој или подолго време не биле активно вклучени во образовни или работни процеси.

Што е обезбедено?

За сите избрани учесници ќе бидат обезбедени:

  • сместување;
  • храна и освежување за време на кампот;
  • работни материјали;
  • организирана програма со обучувачи и ментори;
  • сертификати и признанија;
  • покривање на патните трошоци согласно правилата на проектот.

Зошто да учествувате?

Ова е можност да стекнете нови практични знаења и вештини, да запознаете врсници од различни средини, да ја зголемите својата самодоверба и мотивација и да придонесете кон развојот на вашата локална заедница.

Учесниците ќе станат дел од меѓународен Еразмус+ проект кој ги поврзува младите од Северна Македонија, Австрија и Бугарија.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат онлајн формуларот, кој содржи:

  • основни лични податоци;
  • контакт информации;
  • краток опис на моменталниот статус (NEET);
  • мотивација за пријавувањето.

За малолетните лица, изјава од родител се доставува доколку кандидатот биде избран.

Рок за пријавување: 24 август 2026 година до 16:00 часот.

ПОПОЛНИ ЈА ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА

За проектот

Јавниот повик е дел од проектот RE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност, кој се спроведува во рамки на програмата Еразмус+ КА220 – Партнерства за соработка во областа на младите, со референтен број 2025-2-MK01-KA220-YOU-000379250.

Проектот се спроведува во партнерство помеѓу Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Вело училишта (Северна Македонија), BIKE – Bündnis für klimaschonende Initiativen und Kooperationen in Europa (Австрија) и Здружение РЕ-АКТ (Бугарија).

Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамки на програмата Erasmus+ KA2, а програмата ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Подели членак: