Конкурс за финансирање на проекти за Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации
Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), а во согласност со Правилникот за поддршка на проекти за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен крактер бр. 01-216/1 од 30.01.2023 година, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува: К О Н К У Р С за финансирање на проекти за Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува Конкурс за финансирање на проекти за Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година.
Краен рок за достава на пријави по Конкурс е 01.03.2026 година.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Право на учество на Конкурсот имаат правни лица, непрофитни организации, здруженија на граѓани, фондации, установи во надлежност на Општините кои се регистрирани да вршат дејност која соодветствува со потребата на овој Конкурс.
III. ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ
Предност при одлучување ќе имаат проектите:
- кои ја стават македонската кинематографија во интернационален контекст;
- имаат европски, односно меѓународен карактер;
- го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
- се засновани на стручно и професионално знаење;
- имат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
- имаат значителна посветеност, се оддржуваат континуирано и со традиција;
- имаат едукативни аспекти/квалитет на публикациите;
- кои за прв пат се јавуваат на Конкурс, со нова, оригинална програма и концепт кој досега не бил реализиран од страна на друг фестивал/манифестација.
Пријавените проекти кои ќе освојат еднаков број бодови, предност ќе добие проектот кој има планирана програма со прецизни и договорени настани и/или за кој се обезбедени средства од други извори во повисок износ.
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
- Оцената на проектите за организирање на домашни филмски фестивали и други манифестации од меѓународен карактер кои имаат континуитет во одржувањето се врши преку следниве критериуми и мерила:
- Квалитет на програмата (содржини и активности);
- Програмски концепт (натпреварувачки или ревијален карактер);
- Европска димензија на програмирање, вклучувајќи културна и географска разновидност;
- Квалитетот и постигнатите успеси на реализираниот фестивал/ манифестација во изминатиот период, со статистички податоци за посетеноста на последното издание на фестивалот/манифестацијата, и фотографии од отворањето и затворањето на фестивалот со линкови од оддржани прес-конференции или било какви статии што го потврдуваат истото;
- Реноме, традиција и континуитет на одржување;
- Обезбедени средства од други извори;
- Квалитет на стручен тим.
- Оцената на проектите за организирање на домашни филмски фестивали и други манифестации кои аплицираат за организација на прво издание се врши преку следниве критериуми и мерила:
- Квалитет на програмата (содржини и активности);
- Програмски концепт (натпреварувачки или ревијален карактер);
- Европска димензија на програмирање, вклучувајќи културна и географска разновидност;
- Обезбедени средства од други извори;
- Квалитет на стручен тим.
Максимален број на бодови коj може да се освои за еден проект изнесува 100 бода.
Минимален број на бодови кој мора да се освои за да се квалификува проектот за понатамошна оценка е 51 бод.
Проектот кој не го освоил минималниот број на бодови, се исклучува од натамошна оцена.
Оценката на проектите ја прави Филмскиот совет и финансиски советник.
Дополнително од страна на Филмскиот совет во текот на евалуација на проектот, може да биде упатена покана до подностелот на пријавата за презентација на програмата и активностите на фестивалот.
Целиот текст прочитај го тука