Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен филм

Друго
Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен филм

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за филмската дејност (Сл. Весник на РСМ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18, 275/19 и 3/25) Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува: КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ за 2026 година

1. Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за производство на:

– долгометражен игран филм чие времетраење е минимум 70 минути;

– долгометражен документарен филм чие времетраење е минимум 60 минути;

– долгометражен анимиран филм чие времетраење е минимум 70 минути;

– краткометражен игран, документарен и краткометражен анимиран филм чие времетраење е максимум 20 минути.

Филмот во зависност од креативното и финансиското учество на Република Северна Македонија може да биде:

– Домашен филм кој во 80% е финансиран со средства од Република Северна Македонија или филм  произведен од еден или повеќе филмски продуценти од Република Северна Македонија, со најмалку еден автор од Република Северна Македонија и со претежен дел на филмски работници од Република Северна Македонија.

– Копродукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија – домашен филм  во кој учеството на Република Северна Македонија не може да биде повеќе од 50%, но не помалку од 5% од вкупните трошоци за производство на филмот и филм произведен во соработка со странски филмски продуценти во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана).

2. Право на учество и услови на за конкурирање

2.1. Право на учество

2.1.1. Право на учество на Конкурсот имаат филмски продуценти кои се регистрирани во Централниот Регистар на Република Северна Македонија со претежна дејност – производство на филмови (шифра 59.110);

2.1.2. Право на учество немаат правни лица кои на Конкурсот аплицираат со студентски филм;

2.1.3. На Конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмногу два проекти од различни категории и најмногу еден  од иста категорија. Категоријата на филмовите  е дефинирана во точка 1 од Конкурсот, со исклучок за копродукциски филм.

2.2. Услови за конкурирање

2.2.1. За производство на долгометражен игран филм може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува условите од член 26 став 5 од Законот за филмската дејност.

2.2.2. За производство на дебитантски долгометражен игран филм може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува условите од член 26 став 6 од Законот за филмската дејност.

2.2.3. За производство на долгометражен игран копродукциски филм  со малцински финансиски удел од Република Северна Македонија, може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува условите од член 26, став 5 и 6 од Законот за филмската дејност.

2.2.4 Филмскиот продуцент и режисер може да пријават и дебитантски филм во рамките на студиската програма како претходно искуство, доколку со истиот учествувале на  меѓународен фестивал од А категорија.

Категоризацијата на филмските фестивали е објавена на официјалната веб страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Целиот конкурс види го тука

Подели членак: