Конкурс за прием на студенти на додипломски студии во државните и приватните студентски домoви

Друго
Конкурс за прием на студенти на додипломски студии во државните и приватните студентски домoви

Врз основа на член 24 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ број 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/19, 248/20, 302/20, 235/24 и 111/26), Министерството за образование и наука распишува: Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година

УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење:

-         редовни студенти запишани по прв пат на додипломски судии од прв циклус;

-         редовни студенти запишани на факултети кои имаат помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; 

-         редовни студенти запишани на факултети кои имаат осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година; 

-         редовни студенти запишани на факултети кои имаат над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;

II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.
II.3. Немаат право на прием студентите:

  1. кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка, и истите не конкурираат на Конкурсот за кој било од домовите.
    2.запишани по вторпат како апсолвенти, 
    3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец, и истите не конкурираат на Конкурсот за кој било од домовите
    4. запишани на постдипломски студии.

II.4. На студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

  1. 5Доколку студентот не избере алтернативен дом кој ќе му биде понуден во моментот на пополнување на апликацијата на електронскиот систем (односно ја избере опцијата „Не сакам алтернативен дом“), тоа значи дека се откажува од сместување во студентски дом, доколку не биде рангиран во првичниот дом за кој аплицирал.

    III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.07.2026 година и трае до 31.07.2026 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 14.09.2026 година и трае до 20.09.2026 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2026 година.

Целиот конкурс види го тука

Подели членак: