Обучувaч/ка за обука на тема: Дигитално застапување и медиумска видливост како алатка за влијание
Центарот за младински активизам КРИК објавува отворен повик за ангажирање на обучувач/ка кој/а ќе подготви и реализира дводневна обука на тема „Дигитално застапување и медиумска видливост како алатка за влијание“, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост.
Избраниот обучувач ќе биде одговорен за:
- подготовка на дводневна програма и агенда за обуката
- развивање методологија, практични примери и алатки
- фацилитирање на обуката во живо
- подготовка на краток водич за дигитално застапување
- изработка на финален извештај со препораки и заклучоци по завршување на активноста
Кандидатите треба да поседуваат:
- високо образование во областите општествени науки, право, јавни или социјални политики, политички науки, комуникации или сродни области (предност)
- искуство во работа со медиуми, институции и граѓански организации
- искуство во дигитално застапување и користење дигитални алатки
- искуство во фацилитирање обуки, работилници или јавни настани
- способност за јасно и разбирливо пренесување на комплексни информации
Пожелно е кандидатите да имаат искуство во подготовка и реализација на дигитални застапувачки кампањи, учество во јавни консултации или застапнички процеси, како и познавање на принципите на социјална инклузија и правата на лицата со попреченост.
Заинтересираните кандидати треба да испратат апликација најдоцна до 10 април 2026 година на:
📧 [email protected]
(со назнака: Апликација – Обучувач за дигитално застапување)
Апликацијата треба да содржи:
- Кратка биографија (CV)
- Краток предлог за методологија и пристап кон темата
Сите информации се тука