ОКТА АД - Скопје објави конкурс за стипендии за студенти од втор циклус за академската 2026/27

ОКТА АД - Скопје објави конкурс за стипендии за студенти од втор циклус за академската 2026/27

Како дел од својата програма за корпоративна општествена одговорност, ОКТА АД – Скопје, членка на "Helleniq Energy", 8. година по ред го објавува конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус на универзитетите во Република Северна Македонија и во странство за академската 2026-2027 година. Преку својата Програма за стипендии за студии од втор циклус, ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY, континуирано и доследно ги поддржува студентите од последната година од прв циклус студии или дипломираните студенти кои се стекнале со високо образование и сакаат да го продолжат своето образование стекнувајќи дополнително знаење и специјализација во области поврзани со активноста на Компанијата.

За академската 2026-2027 година, ќе бидат доделени до 2 стипендии за редовни студии со максимално времетраење од две години, за стекнување на диплома за завршени студии од втор циклус, на универзитети во Република Северна Македонија, во земји низ Европа, Северна Америка и Австралија, во следните научни области: 

Инженерство и енергетика:

  • Трансформација на енергија
  • Обновливи извори на енергија
  • Алтернативни технологии - Возила - Горива - Одржлив транспорт
  • Напредни енергетски материјали за производство и складирање на енергија
  • Нафтено инженерство итн.

 

Дигитална трансформација:

  • Програмирање
  • Мрежи и комуникации
  • Анализа на податоци и вештачка интелигенција
  • Сајбер безбедност
  • Интелигентна автоматизација-роботика, итн.

 

Животна средина:

  • Управување со животна средина
  • Екосистеми
  • Климатски промени
  • Одржлив развој
  • Паметни градови
  • Локален развој, итн.

 

Економија и менаџмент:

  • Енергетска економија - Биоекономија - Циркуларна економија
  • Енергетски мрежи и енергетска геополитика
  • Управување со енергетски проекти
  • Маркетинг - Комуникации - Односи со јавноста - Политичка комуникација
  • Правни студии (енергетско право, право и информатичка технологија)
  • Управување со човечки ресурси, итн.

Информирај се повеќе тука

Подели членак: