Повик за аплицирање за стипендија

Повик за аплицирање за стипендија

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли, On-boardмрежи, Пластична технологијаиМехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили(VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50, 000 луѓе ширум светот на повеќе од 45 различни локации.

Кромберг & Шуберт оваа година ќе додели дополнителни стипендии како би се исполнила квотата од 5 стипендисти во година за студенти при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, и тоа:
• Технички факултет - Битола
• Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии - Битола

КШМК-Бт ќе потпише посебен договор со секој селектиран студент во кој ќе се дефинираат условите кои треба да се исполнуваат од страна на студентот со цел да биде квалификуван за добивање на стипендија секој нареден семестар

Аплицирање:
• Поднесување апликација за користење на стипендијата, заедно со CV, мотивационо писмо и уверение за положени предмети
• Потврда за редовен запишан студент во тековна година
• Своерачно потпишана изјава дека истиот не е корисник на стипендија или кредит од друга приватна компанија
• Доказ дека во годината за која бара стипендија го постигнал бараниот просек 8.00

Начин на стипендирање
• Износ: 6.000,оо МКД месечно и истата ќе се доделува во период од 10 месеци (колку што трае редовната академска година)

Можност за пријавување и обврски:
• Ќе имаат студентите кои се запишани како редовни
• Изборот на студентите ќе го врши Комисија составена од членови на КШМК-Бт и Универзитетот
• Услов за продолжување на стипендијата од страна на КШМК-Бт за следната академска година е корисникот на стипендија во претходната академска година да оствари минимум потребен број кредити за упис на нареден семестар и просечниот успех од положените испити да не биде помал од 8.5
• Доколку корисникот на стипендија не го оствари просечниот успех од најмалку 8.5 во претходната академска година ќе го изгуби правото за користење на стипендијата
• Истите ќе треба да потпишат и соодветен Договор за користење на стипендија

Каде да аплицираш?

Горенаведените документи, заедно со апликација за стипендирање треба да се достават до Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО: „Булевар 1-ви Мај“ ББ или скенирани на следниот маил:
[email protected] моб: +389 71 360 613
[email protected] моб: +389 78 459 773

Краен рок: 18.07.2026

Целиот оглас тука

Подели членак: