Отворен и кариерен ден на УГД

Настан
Отворен и кариерен ден на УГД

За студии што водат до работа и можност за меѓународно искуство за време на студирањето: посети го најголемиот отворен и кариерен ден на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип повторно ги отвора вратите за сите идни и сегашни студенти преку настанот „Отворен и кариерен ден“ - место каде што стекнатото знаење се претвора во можности за вработување, а желбата за учење во можности за меѓународно искуство преку студирање на УГД.

Овој настан е креиран со фокус на младите и нивните потреби и нуди значајни корисности за вас, организиран во соработка со Стопанската комора на РСМ и Општина Штип.
За идните студенти, овозможуваме:
• директна комуникација со професори, асистенти и студенти;
• запознавање со студиските програми и реалниот студентски живот;
• можности за меѓународно студентско искуство преку Еразмус+ програмата и најголемата европска универзитетска алијанса во земјата ACE2-EU;
• увид во начинот на работа на еден од најдигитализираните универзитети во регионот со развиени онлајн платформи, дигитални сервиси и целосно достапна електронска администрација за време на студиите;
• информирање за модерните лаборатории, Makers space и старт-ап центри, каде што теоријата се претвора во практика;
• бесплатната литература достапна во е-библиотека;
 меѓународно признати дипломи;
• досегашните успеси на нашите студенти;
• јасна слика за тоа што значи да се студира на УГД и како изгледа патот од студент до професионалец.
За тековните студенти, настанот е директна врска со пазарот на труд преку:
• средби со многубројни успешни компании и институции;
• можност за вмрежување, пракса и потенцијално вработување;
• информирање за можности за развој на практични вештини преку обуки, работилници и тренинзи кои ги подготвуваат студентите за реалните барања на работодавачите.
Посети нè. Информирај се. Избери мудро, дејствувај храбро!
• Место: Еднонасочна улица „Ванчо Прке“ - Штип
• Време: 22 април 2026 г. (среда) во 11 часот.
 
Спонзори на настанот: Road Legends, Tsar Samuil, Amphenol, Kolid Foods, Am Health Corner, Iribov MK, ТАБ МАК, САСА, Јофа Текс, Магна мекатроникс, ЕАМ.
Повеќе информации прочитај тука
Подели членак: