Повик за млади од Македонија, Косово и Србија за учество на Меѓународна младинска конференција

Настан
Повик за млади од Македонија, Косово и Србија за учество на Меѓународна младинска конференција

Младински сојуз – Крушево, во рамки на проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards Unfreezing Regional Trust, Stability and Security“, објавува отворен повик за учество на 50 млади лица од Северна Македонија, Косово и Србија на Меѓународната младинска конференција „Youth at the Table: Shaping Peace and Security through Policy Dialogue“, која ќе се одржи од 24 до 28 ноември 2026 година во Скопје, Северна Македонија. Конференцијата ќе претставува простор за младите од регионот да дискутираат, разменуваат мислења и заеднички да развиваат идеи поврзани со мирот, безбедноста, младинското учество и регионалната соработка. Повикот е наменет за млади кои се заинтересирани за теми поврзани со градење мир, младинско учество, регионална соработка, човекови права, медиуми, јавни политики и развој на локалните заедници.

Што ги очекува учесниците?

Во текот на конференцијата, учесниците ќе имаат можност да:

  • Учествуваат во интерактивни сесии, дискусии и работни групи;
  • Дискутираат за предизвиците поврзани со мирот и безбедноста во регионот;
  • Ги споделат своите искуства, ставови и идеи со други млади од Северна Македонија, Косово и Србија;
  • Разговараат за улогата на младите во процесите на донесување одлуки;
  • Развиваат препораки и идеи за поголемо вклучување на младите во креирањето јавни политики;
  • Остварат нови контакти и соработки со млади заинтересирани за регионална соработка, човекови права и градење мир.

Целта на конференцијата е да го зајакне младинското учество во дијалогот за мирот и безбедноста и да создаде простор во кој гласот, искуствата и препораките на младите ќе бидат слушнати и земени предвид.

За конференцијата

Меѓународната младинска конференција „Youth at the Table: Shaping Peace and Security through Policy Dialogue“ ги обединува младите од Северна Македонија, Косово и Србија со цел да отвори дијалог за нивната улога во градењето мир, стабилност и доверба во регионот.

Преку дискусии, интерактивни сесии и заедничка работа, младите ќе имаат можност да ги претстават своите перспективи и да придонесат кон развивање идеи и препораки за јавни политики кои подобро ги отсликуваат нивните потреби и приоритети.

Практични информации

  • Датум: 24–28 ноември 2026 година
  • Локација: Hotel Osten Art, Скопје, Северна Македонија
  • Број на учесници: 50 млади од Северна Македонија, Косово и Србија
  • Работен јазик: Англиски јазик

Трошоците за патување, сместување, храна и учество во програмата се целосно покриени од страна на организаторот.

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат млади лица од Северна Македонија, Косово и Србија кои:

  • Се заинтересирани за мир, безбедност и регионална соработка;
  • Имаат интерес за младинско учество, човекови права, медиуми или јавни политики;
  • Подготвени се активно да учествуваат во дискусии и групна работа;
  • Се мотивирани да разменуваат идеи и искуства со млади од регионот;
  • Имаат доволно познавање на англискиот јазик за активно да учествуваат во програмата.

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани млади можат да аплицираат со пополнување на електронската апликација достапна на следниот линк.

Ги охрабруваме младите да ја искористат оваа можност за да ги споделат своите идеи, да се поврзат со врсници од регионот и активно да придонесат кон дијалогот за мир, безбедност и регионална соработка.


Конференцијата е дел од проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards Unfreezing Regional Trust, Stability and Security“, поддржан од ifa (Institut für Auslandsbeziehungen), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Германија.

Целиот текст тука

Подели членак: