Повик за 30 млади од Северна Македонија, Србија и Косово за учество во дигитални мировни кампањи

Настан
Повик за 30 млади од Северна Македонија, Србија и Косово за учество во дигитални мировни кампањи

Младински сојуз – Крушево, во рамки на проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards Unfreezing Regional Trust, Stability and Security“, објавува отворен повик за избор на 30 млади лица од Северна Македонија, Косово и Србија, кои ќе учествуваат во развивање и спроведување на дигитални микро-кампањи за мир. Избраните учесници ќе бидат организирани во шест мешани регионални тимови, во кои заеднички ќе креираат дигитални содржини и кампањи што промовираат мир, толеранција, меѓусебно разбирање и регионална соработка. Повикот е наменет за креативни и мотивирани млади кои се заинтересирани за дигитални медиуми, креирање содржини и општествени теми, и сакаат преку своите идеи да придонесат кон позитивни промени во регионот.

Што нуди учеството?

Избраните млади ќе имаат можност да:

  • Соработуваат со млади од Северна Македонија, Косово и Србија;
  • Учествуваат на шест онлајн средби и менторски сесии со искусни медиумски професионалци;
  • Развиваат и креираат дигитални содржини, како објави, видеа и рилс, подкасти и анимации;
  • Работат на развивање и реализација на сопствена дигитална микро-кампања за мир;
  • Ги унапредат своите вештини за креирање дигитални содржини и комуникација;
  • Добијат можност нивните пораки и кампањи да допрат до поширока регионална публика;
  • Добијат сертификат за учество.

Целта на иницијативата е да ги поттикне младите да го користат дигиталниот простор како алатка за позитивна комуникација, надминување на поделбите и создавање содржини кои придонесуваат кон градење доверба и култура на мир во регионот.

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат млади лица од Северна Македонија, Косово и Србија кои:

  • Се креативни и мотивирани за активно учество;
  • Имаат интерес за дигитални медиуми и креирање содржини;
  • Имаат добро познавање на англискиот јазик;
  • Подготвени се за тимска работа во мешана регионална група;
  • Се заинтересирани за теми поврзани со мир, толеранција, дијалог и регионална соработка;
  • Сакаат да придонесат кон позитивни промени во своите заедници.

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати треба да достават CV и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected].

Наслов на е-пораката: Application for Digital Peace Micro-Campaigns.

Целосниот текст на отворениот повик, со повеќе информации за активностите и процесот на учество, е достапен на следниот линк.


Дигиталните мировни микро-кампањи се дел од проектот „PRO PEACE: Youth Path Towards Unfreezing Regional Trust, Stability and Security“, кој ги поврзува младите од Северна Македонија, Косово и Србија и создава можности за регионална соработка, дијалог и заедничко развивање иницијативи за градење мир.

Проектот е поддржан од ifa (Institut für Auslandsbeziehungen), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Германија.

Целиот текст е тука

Подели членак: