Отворен повик: приклучи се на Регионален настан за вмрежување на млади лица со попреченост

Настан
Отворен повик: приклучи се на Регионален настан за вмрежување на млади лица со попреченост

23–24 септември 2026 | Призрен, Косово Центарот за младински активизам КРИК објавува отворен повик за млади лица со попреченост за учество на Регионалниот настан за вмрежување, кој ќе се одржи на 23–24 септември 2026 година во Призрен, Косово, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Action and Legislation. Настанот ќе ги обедини младите лица со попреченост, претставници на граѓански организации, младински организации, организации на лица со попреченост, даватели на социјални услуги и други релевантни чинители од земјите на Западен Балкан. Главната цел на настанот е да се зајакне регионалното вмрежување, да се поттикне соработката меѓу граѓанските организации и да се создадат нови можности за заеднички иницијативи кои ги поддржуваат правата и социјалната инклузија на лицата со попреченост.

Регионален настан за вмрежување на млади лица со попреченост

23–24 септември 2026 | Призрен, Косово

Центарот за младински активизам КРИК објавува отворен повик за млади лица со попреченост за учество на Регионалниот настан за вмрежување, кој ќе се одржи на 23–24 септември 2026 година во Призрен, Косово, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Action and Legislation.

Настанот ќе ги обедини младите лица со попреченост, претставници на граѓански организации, младински организации, организации на лица со попреченост, даватели на социјални услуги и други релевантни чинители од земјите на Западен Балкан.

Главната цел на настанот е да се зајакне регионалното вмрежување, да се поттикне соработката меѓу граѓанските организации и да се создадат нови можности за заеднички иницијативи кои ги поддржуваат правата и социјалната инклузија на лицата со попреченост.

За настанот

Низ Западен Балкан, бројни граѓански организации активно работат на унапредување на правата, учеството и инклузијата на лицата со попреченост. Сепак, соработката помеѓу организациите често е нередовна, а информациите, ресурсите и успешните практики не секогаш се споделуваат на ефикасен начин.

Регионалниот настан за вмрежување ќе создаде инклузивен простор каде што учесниците ќе можат да:

Настанот има за цел да ја зајакне комуникацијата и практичната соработка помеѓу постојните организации, мрежи, активисти и млади лица со попреченост.

Главни теми

Програмата ќе биде фокусирана на две области кои се особено значајни за независноста, учеството и инклузијата на младите лица со попреченост.

Инклузивно образование

Учесниците ќе дискутираат за еднаков пристап до образование, разумно прилагодување, пристапност, услуги за поддршка и учество на младите лица со попреченост во образовните процеси.

Вработување и инклузија на пазарот на труд

Учесниците ќе ги истражуваат пречките за вработување, можностите за професионален развој, инклузивните работни средини, социјалните претпријатија и мерките кои можат да ја подобрат положбата на младите лица со попреченост на пазарот на труд.

Преку интерактивна Open Space сесија, учесниците ќе имаат можност да предложат дополнителни теми, да разменат идеи и заеднички да развијат препораки.

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за млади лица со попреченост од Северна Македонија кои:

Особено ги охрабруваме да аплицираат младите лица кои имаат помалку можности да учествуваат на регионални настани и активности за меѓународно вмрежување.

Аплицирајте тука: application form 

📅 Краен рок за пријавување: 10 август 2026 година.

Програма и патување
Среда, 23 септември 2026

18:00 – 19:30 | Meet and Mingle Session

Неформална сесија за запознавање организирана од организацијата THY, која ќе им овозможи на учесниците да се запознаат меѓусебно и да воспостават први контакти пред почетокот на главната програма.

Четврток, 24 септември 2026

КРИК ќе го организира патувањето, а сите учесници ќе патуваат заедно со организиран превоз (комбе).

Трошоци

Учеството е целосно бесплатно.

Не се предвидени никакви трошоци за учесниците.

Организаторите обезбедуваат:

Целиот повик тука

Подели членак: