Отворен повик за бенд на зелен караван
Повик 31/2026: Бенд за Зелен караван Здружението Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје објавува повик за ангажман на бенд во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Проектот го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Како дел од проектните активности, во периодот мај – август 2026 година ќе се реализира Зелен караван во сите 8 плански региони во државата. Во секој регион ќе се организира по еден настан на отворено (плоштад или јавен простор), во партнерство со општините и ЗЕЛС.
Настаните ќе вклучуваат:
- музички настап на локален бенд,
- стенд-ап настап на тема заштита на животната средина,
- презентација на локални зелени иницијативи,
- модераторска програма и интеракција со публиката.
Целта е преку креативни и достапни формати да се информира јавноста и да се поттикне активно учество во заштитата на животната средина.
Се бара локален бенд (или повеќе бендови) кој:
- има искуство со јавни настапи
- изведува инклузивна, културна и ненаметлива музика
- има репертоар погоден за широка публика
- може да создаде позитивна и енергична атмосфера
- е отворен за настап во рамки на настан со еколошка и општествена тематика
- нема навредлива или несоодветна содржина
Предност ќе имаат бендови кои изведуваат: алтернативна музика, world music, џез/фанк, инди, поп/рок (полесен стил).
Дополнително, бендот треба:
- да може да настапува на отворено и да се прилагоди на техничките услови
- да ги почитува вредностите на настанот (екологија, инклузија, позитивна комуникација)
- да биде подготвен за настап во различни региони
- да прифати снимање на настапот за потребите на проектот
- да соработува и координира со проектниот тим
Изборот ќе се врши според принципот „најдобра вредност за цената“, врз основа на:
- Релевантно искуство (CV и портфолио) – 50 бодови
- Квалитет на доставените видеа – 50 бодови
- Потребни документи
- Секоја понуда задолжително треба да содржи:
- Кратка биографија (CV)
- Портфолио со линк од најмалку еден претходен видео настап
- Нецелосните понуди нема да бидат разгледувани. Рокови
- Рок за доставување понуди: 10.05.2026
- Избор и известување: 15.05.2026
- Период на реализација: 01.05.2026 – 31.08.2026
Начин на аплицирање
Понудите се доставуваат електронски на:
[email protected]
Во предметот на пораката задолжително наведете:
„Повик 31/2026: Бенд за зелен караван“
При аплицирање наведете за кој од 8-те плански региони аплицирате (може за минимум 1, максимум 8 региони).
Понудите пристигнати по рокот или изработени спротивно на условите нема да бидат разгледувани.
Прочитај го целиот повик тука