Отворен повик за набавка на материјали и опрема за електрични огради

Друго
Отворен повик за набавка на материјали и опрема за електрични огради

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје, во рамки на проектот “Jablanica–Karaorman Biological Bridge” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust), има потреба од набавка на материјали и специјализирана опрема за монтажа на заштитни електрични огради (електрични пастири).

ЦЕЛ НА НАБАВКАТА

Целта на оваа набавка е обезбедување висококвалитетни материјали и комплетна опрема за монтажа и поставување на заштитни електрични огради. Опремата ќе се користи за превенција и спречување конфликти меѓу луѓето и големите месојади (заштита на пчелинци, добиток и земјоделски површини од мечка и волк) во рамки на целниот регион на проектот. Крајниот резултат треба да биде испорака на специфицираните количини материјали кои во целост одговараат на специфичните теренски услови.

ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА

Периодот за изразување интерес и доставување понуда за учество на повикот е 7 дена од објавувањето, односно најдоцна до 10.09.2026 година до 16:00 часот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА

Периодот за доставување на опремата изнесува најмногу еден месец од датумот на потпишување на Договорот.

Целиот повик тука

Подели членак: