Отворен повик за обучувач/ка на младински работници
Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за ангажирање обучувач/ка за подготовка и реализација на тродневна обука за младински работници, во рамки на проект насочен кон инклузија, младинско учество и локални зелени иницијативи. Доколку имате искуство во работа со млади, спроведување обуки и развој на партиципативни пристапи – ве охрабруваме да се пријавите и да станете дел од овој значаен процес на јакнење на младинската работа.
Обуката ќе се одржи од 15 до 17 април 2026 година, во Осоговски Конак, Пониква, со учество на 10 младински работници.
Фокусот на обуката ќе биде ставен на:
- Основи и улога на младинската работа
- Инклузивни пристапи во работа со млади
- Развој и спроведување локални иницијативи
- Зелени и одржливи акции во заедницата
- Планирање на следни чекори
Целта е учесниците да стекнат практични алатки и знаења кои ќе можат веднаш да ги применат во своите локални заедници.
Избраниот обучувач/ка ќе биде одговорен/на за:
- Подготовка на детална програма и агенда
- Развој на методологија, алатки и практични примери
- Реализација на тридневната обука
- Подготовка на краток финален извештај со препораки
Се очекува обучувачот/ката да примени интерактивен и инклузивен пристап, кој ќе овозможи активно учество и размена на искуства меѓу учесниците.
Кандидатите треба да поседуваат:
- Искуство во спроведување обуки и работилници
- Искуство во работа со млади, граѓански организации или јавни политики
- Познавање на инклузивни и партиципативни пристапи
- Способност за јасно пренесување на информации и работа со групи
Заинтересираните кандидат(к)и треба да испратат апликација најдоцна до 8 април 2026 година на:
📧 [email protected]
(со назнака: Апликација – Обучувач/ка на младински работници/чки)
Апликацијата треба да содржи:
- Кратка биографија (CV)
- Краток предлог за методологија