Отворени пријави за BAŠTA PITCH

Друго
Отворени пријави за BAŠTA PITCH

Во рамките на шестиот Bašta Fest, со поддршка на Филмскиот центар на Србија, беше воведен нов индустриски програм – бесплатна работилница за презентација на проект (краткометражен игран филм до 30 минути) наменета за млади филмски режисери и продуценти – Bašta Pitch! Оваа година нè очекува СЕДМИОТ Bašta Pitch кој ќе се одржи за време на фестивалот – од 02 до 06 јули 2026 година.

Ги повикуваме режисерите и продуцентите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија да се пријават со своите проекти за кратки филмови! Ќе бидат избрани 5 проекти за краткометражен игран филм до 30 минути, а секој проект ќе има 2 претставници – режисер и продуцент, односно вкупно 10 учесници на работилницата.

Пријавата можете да ја испратите на мајчин јазик, преку формулар.

Во рамките на Bašta Pitch, преку повеќедневна работа со менторите, режисерот Рашко Миљковиќ и продуцентот Милан Стојановиќ, учесниците ќе поминат низ подготовка за завршниот пич (презентација) на последниот ден од фестивалот, кога ќе биде избран победник. Победникот добива парична награда од 1000 € за почеток на работа на својот проект.

Оваа година посебен акцент на фестивалот ќе биде ставен на еколошки одржливи продукциски практики, а учесниците во јуни ќе посетуваат и две онлајн предавања на таа тема како подготовка за работата на фестивалот.

Пријавите се отворени до 20 мај 2026 година. Учесниците ќе бидат објавени најдоцна до 1 јуни 2026 година.

Ги очекуваме вашите пријави!

Официјалниот повик

Подели членак: