ПОКАНА ЗА ШПАНСКО-МАКЕДОНСКИ ИНКЛУЗИВЕН ЛЕТЕН НАСТАН
Центарот за младински активизам КРИК и Сојуз на извидници на Македонија ве поканува да бидете дел од инклузивен летен настан исполнет со дружење, култура, музика, танц, креативни активности и забава покрај базен! Настанот е дел од проектот „Youth Connect“, поддржан од Амбасадата на Шпанија во Скопје, и ќе ги поврзе младите од Северна Македонија и Шпанија преку заедничко запознавање на културата, традициите, музиката и храната на двете земји.
На настанот ќе бидат присутни млади од Шпанија и Македонија.
📅 Датум: [11.08.2026]
⏰ Време: [10:00 Поаѓање од Градски Парк, околу 16:00 враќање кон Скопје]
📍 Локација: [Побожје, Скопска Црна Гора]
🔹 млади со попреченост;
🔹 млади без попреченост;
🔹 сите млади кои сакаат да запознаат нови луѓе и да бидат дел од едно инклузивно и незаборавно летно искуство.
🎶 шпанска и македонска музика;
💃 танцови и културни активности;
🎨 креативни и визуелни работилници;
🏊 активности и забава покрај базен;
🤝 дружење со млади од Шпанија и Северна Македонија;
🍽️ запознавање со шпанската и македонската култура и традиција.
Учеството е отворено, но поради ограничениот број места, потребно е претходно пријавување.
Трошоците за учество на настанот се подмирени од страна на организаторот и вклучуваат:
-превоз од Градски парк Скопје до Побожје и назад
-храна и освежување во текот на настанот
📝 Пријавување: [на овој линк]
⏳ Рок за пријавување: [05.08.2026]
Дојдете да создадеме простор во кој различностите нè поврзуваат, а културата, дружењето и забавата се достапни за сите! ☀️
Проектот „Youth Connect“ е реализиран од Центарот за младински активизам КРИК, Сојуз на извидници на Македонија во соработка со партнерите од Шпанија Youth CRL и со поддршка на Амбасадата на Шпанија во Скопје.
Целиот повик тука