Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување
Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)
Набавката опфаќа услуги за хотелско сместување за потребите на проектните активности кои ќе се реализираат во периодот 27 - 29 септември 2026 година.
Потребно е обезбедување на:
- 2 ноќевања со полн пансион во еднокреветни соби за 3 лица;
- 2 ноќевања со полн пансион во двокреветни соби за 25 лица;
- 4 кафе паузи за 28 лица.
Критериум за избор:
Изборот на понудувач ќе се врши според критериумот најниска понудена цена, при што понудувачите треба да достават комплетна документација согласно тендерската документација.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните понудувачи треба да достават:
- Техничка понуда;
- Финансиска понуда;
- Изјава од одговорно лице дека не е започната стечајна постапка и нема забрана за вршење професионална дејност.
Рок за доставување:
Понудите се доставуваат по електронски пат на: [email protected].
Краен рок за доставување на понудите е 26 август 2026 година до 23:59 часот. Понудите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
За дополнителни информации заинтересираните понудувачи можат да контактираат на [email protected] или на телефон 078 470 400.
Целиот повик тука