Повик за изразување интерес за учество во академија за граѓански организации

Друго
Повик за изразување интерес за учество во академија за граѓански организации

Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост.

Академијата е тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн курсеви, обуки во живо, менторство и практична работа. Академијата опфаќа три меѓусебно поврзани модули и покрива теми како управување, стратешко планирање, застапување, мобилизирање на резурси и одржливост, развивање на проектна идеа и управување со проекти, итн.  До крајот на циклусот, секоја организација треба да постигне конкретни резултати, меѓу кои: ревидирани стратешки цели и приоритети, изготвени логичка рамка со буџет, план за комуникација, план за застапување, програма за волонтерство, итн.

Учеството во Академијата е ограничено на максимум 15 организации.

Рокот за изразување интерес е 18 септември 2026 година.
Повеќе иформации на следниот линк.

Подели членак: