Повик за младинска размена во Хрватска

Друго
Повик за младинска размена во Хрватска

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (16-25 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „The Garden of Wonders“ во Хрватска. Место: Новаки, Хрватска Датум: 14.09 – 21.09.2026

За проектот:
Оваа младинска размена ќе биде практично искуство за учење за ангажман и развој на заедницата, како и на помагање на групи во нужда. Ќе научиме како да жонглираме и да играме други циркуски елементи и ќе подготвиме претстава за децата во локалната градинка. Преку практични активности како што се градинарство, групни предизвици и симулации и ситуации од реалниот живот, учесниците ќе учат преку работа и ќе ја развијат самодовербата и вештините потребни за секојдневниот живот и идната независност.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Ocean Znanja

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: [email protected]

Краен рок за аплицирање: 23.08.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.

Целиот повик тука

Подели членак: