ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Обука за јакнење на капацитетите на граѓанското општество

Настан
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Обука за јакнење на капацитетите на граѓанското општество

Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) ве поканува да се пријавите на тридневната обука наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и младинските активисти. Обуката се организира во рамки на проектот „ROOT-WB: Reinforcing Our Opportunities Together – Western Balkans“, поддржан од програмата CERV (Citizens, Equality, Rights and Values) на Европската Унија.

Обуката ќе се одржи на 1-3 септември 2026 година во Граѓански ресурсен центар, Скопје.

Тематски целини на обуката:

  1. Демократско учество и Европската Унија: Преглед на институциите на ЕУ, процесот на проширување и интеграцијата на регионот WB6, фундаменталните права и вредности од Повелбата на ЕУ, како и механизмите за демократско учество во Европскиот Парламент.
  2. Граѓански ангажман, младинско застапување, инклузија и волонтирање: Модели на младинско застапување, врсничко учење, принципи на родова еднаквост и инклузија на маргинализирани групи, како и улогата на волонтирањето за градење отпорност на локалните заедници.
  3. Социјална кохезија, дигитална комуникација и активно граѓанство: Употреба на дигитални алатки и социјални медиуми за застапување, борба против дезинформации, како конкретни демократски решенија и иницијативи на локално ниво.

Рок за аплицирање: 18 август 2026 година.
Повеќе инфмации на следниот линк.

Подели членак: