Повик за учество во програма за дигитално претприемништво

Друго
Повик за учество во програма за дигитално претприемништво

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Младински Центар Битола, Младински Центар Охрид и Младинскиот ресурсен центар ICan Гостивар со задоволство објавува повик за учесници: Програма за дигитално претприемништво „Младински дигитални претприемнички иницијативи“

Што вклучува програмата?

  • 4 еднодневни интензивни работилници за дигитално претприемништво (април 2026)
  • Менторска поддршка во следните 5 месеци во Младинскиот центар во твојот град (како инкубатор)
  • Поддршка во развој на тимски бизнис план и прототип на дигитален производ/услуга
  • Можност за пред-seed финансирање во износ од 333 € (хостинг, домен, основни дигитални алатки и сл.)
  • Простор за презентација на твојата идеја на Регионален Дигитален Хаб (нова веб-платформа)
  • Завршен Pitch настан пред локалната заедница, потенцијални инвеститори и партнери

Зошто да се пријавиш во Програмата?

  • Ако си на возраст 17–29 години
  • Живееш во една од следните општини: Битола, Охрид или Гостивар
  • Имаш интерес за дигитално претприемништво и би сакал/а да развиеш сопствена дигитална бизнис идеја
  • Предност (не е задолжително, но многу се цени):
    • Веќе имаш груба бизнис идеја што може да се развие во дигитален правец:
    • Поседуваш основни познавања од веб дизајн / графички дизајн / програмски јазици и сл.; и/или
    • Имаш искуство или интерес во дигитален маркетинг, социјални мрежи, content creation, SEO…

Број на учесници:

По 25 учесници од секој град → вкупно 75 млади претприемачи

Локација на работилниците:

Младински центар Битола (mcb.mk) / Младински центар Охрид (mco.mk) / Младински ресурсен центар I-can Гостивар (@ican.yrc) - во зависност од градот во кој аплицираш

Временска рамка:

  • Прва работилница → првата недела од април 2026
  • Следни 3 работилници → во текот на април 2026
  • Инкубациски период (5 месеци) → април – август 2026
  • Финален Pitch настан → септември/октомври 2026

Краен рок за пријавување: 25 март 2026 (23:59 ч.)

Не чекај – твојата дигитална бизнис приказна може да почне токму овде! 🚀

Заедно ја градиме дигиталната иднина на регионот! 💻✨

Целиот повик погледни го тука

Подели членак: