Публикација за бесплатен јавен превоз во Скопје

Друго
Публикација за бесплатен јавен превоз во Скопје

Бесплатен јавен превоз веќе постои во многу балкански и светски метрополи.Колку чини и како може да се финансира целосно субвенциониран јавен превоз во Скопје?

Ако ЈСП е крвотокот на градот, организмот на Скопје е во сериозна криза.
Во 1962 година јавниот превоз во Скопје превезувал околу 30 милиони патници годишно, додека во 2025 година бројката е само 22 милиони.

Во исто време, бројот на автомобили постојано расте, а последиците ги гледаме секојдневно – сообраќаен метеж, недостиг од паркинг простор и загадување.Во 1962 година јавниот превоз во Скопје превезувал околу 30 милиони патници годишно, додека во 2025 година бројката е само 22 милиони.

Новата публикација на Гоу Грин го поставува прашањето: Колку би чинело јавниот превоз во Скопје да биде целосно субвенциониран и од каде би можеле да се обезбедат средствата?

Анализата проценува дека се потребни околу 15 милиони евра дополнително годишно и разгледува повеќе можни извори на финансирање, меѓу кои придонес за мобилност, приходи од паркирање, подобро управување со рекламниот простор на ЈСП и други модели применети во европски градови.

Бесплатниот јавен превоз не е само социјална мерка. Тој може да придонесе за еднаква мобилност, помала зависност од автомобилите и долгорочна урбана и еколошка трансформација на Скопје.

Публикацијата можете да ја прочитате и преземете тука: [ЛИНК]

Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Strengthening Alliances for Sustainable Urban Mobility“, со поддршка на Heinrich Böll Stiftung Sarajevo.
Подели членак: