Volunteering at Youth Centres in Styria – Волонтирај во Австрија!

Volunteering at Youth Centres in Styria – Волонтирај во Австрија!

Дали сакаш да работиш директно со млади, да организираш активности и да стекнеш практично искуство во младинска работа? Проектот „Volunteering at Youth Centres in Styria“ нуди можност за волонтирање во младински центри во Штаерска, Австрија.

Volunteering at Youth Centres in Styria – Волонтирај во Австрија!

Дали сакаш да работиш директно со млади, да организираш активности и да стекнеш практично искуство во младинска работа? Проектот „Volunteering at Youth Centres in Styria“ нуди можност за волонтирање во младински центри во Штаерска, Австрија.

👥 Што ќе правиш како волонтер?

Волонтерите ќе бидат дел од секојдневната работа на младинските центри ARENA во Gratkorn и AUSZEIT во Gleisdorf. Центрите создаваат безбедни и пријателски простори каде младите можат да се дружат, да учествуваат во активности и да разговараат со младински работници.

Како волонтер, ќе можеш да:

  • 🎨 организираш креативни работилници и активности;
  • ⚽ учествуваш во спортски активности и игри;
  • 🍳 организираш активности за готвење;
  • 📚 им помагаш на младите со домашните задачи;
  • 📱 помагаш во подготовка на содржини за социјални медиуми;
  • 🎲 учествуваш во различни игри, настани и екскурзии;
  • 💡 предлагајш и реализираш сопствени идеи и мали проекти;
  • 🤝 придонесуваш кон создавање позитивна и инклузивна средина за младите.

🏠 Сместување и финансиска поддршка

Волонтерот ќе биде сместен во студентски дом во Грац, во сопствена соба во заеднички стан.

Обезбедени се:

  • 🍽️ 330 € месечен додаток за храна;
  • 💶 210 € месечен џепарлак;
  • 🚆 покриен локален превоз до младинскиот центар;
  • ✈️ покриени патни трошоци согласно правилата на Европскиот корпус на солидарност.

🎓 Обука и поддршка

Како волонтер ќе бидеш дел од тимот и ќе добиваш континуирана поддршка при твоето вклучување во работата.

Ќе имаш:

  • 👤 ментор кој ќе те поддржува во текот на проектот;
  • 🤝 учество на тимски состаноци и супервизија;
  • 📚 On-Arrival Training и Mid-Term Training организирани од Австриската национална агенција;
  • 🇩🇪 можност за курс по германски јазик.

🌱 Кој може да аплицира?

Се бараат млади кои се:

  • мотивирани за работа со млади од различни културни средини;
  • отворени, комуникативни и подготвени за тимска работа;
  • заинтересирани за младинска работа, инклузија и креативни активности;
  • активни и подготвени да придонесат со сопствени идеи;
  • заинтересирани да реализираат сопствени активности или проекти;
  • подготвени да ги споделат своите знаења, вештини и интереси;
  • позитивни и искрено заинтересирани да придонесат во животот на младите.

Претходното искуство не е единствениот услов – особено се ценат мотивацијата, иницијативноста, комуникацијата и желбата за учење и работа со млади.

📍 Основни информации

Локација: Graz / Gratkorn / Gleisdorf, Австрија 🇦🇹
Организација: LOGO jugendmanagement gemeinnützige gmbh
Програма: European Solidarity Corps

ПОВЕЌЕ ВИДИ ТУКА
Област: младинска работа, инклузија, неформално образование и работа со млади

Подели членак: