Youth at the Digital Table: Mini-Lab за млади за дигитално учество и застапување
UNDP ги повикува младите на возраст од 18 до 29 години да се пријават за тридневниот Mini-Lab „Youth at the Digital Table: Advancing Trust, Voice and Action through Inclusive Digital Governance“, кој ќе се одржи од 13 до 15 октомври 2026 година во Скопје. Mini-Lab-от ќе ги обедини младите дигитални активисти, граѓански активисти и младински лидери со цел да истражат како младите можат активно да учествуваат во дигиталното управување, да придонесат кон интегритетот на информациите и безбедно и ефективно да се вклучат во онлајн просторот. Настанот е организиран од UNDP Istanbul Regional Hub и UNDP Country Office in North Macedonia, во соработка со релевантни регионални иницијативи и проекти, а комбинира практично учење, размена на искуства и заедничко планирање на идни активности.
Што ќе опфати Mini-Lab-от?
Во текот на трите дена, учесниците ќе имаат можност да:
- ги истражат темите поврзани со дигиталното управување, дигиталните права, интегритетот на информациите и младинското учество онлајн;
- дознаат како вештачката интелигенција, социјалните медиуми и други дигитални алатки можат да се користат за комуникација, застапување и мобилизација;
- ги развијат своите вештини за стратешка комуникација, storytelling, градење наративи и одговор на дезинформации;
- научат практични начини за безбедно учество онлајн и препознавање на дигиталните ризици;
- работат на практични примери и идеи поврзани со дигиталните права, социјалната кохезија, интегритетот на информациите, инклузијата и граѓанското учество;
- развијат идеи за иницијативи, стратегии за застапување и акциски планови за понатамошно ангажирање.
Кој може да се пријави?
Повикот е наменет за млади на возраст од 18 до 29 години кои имаат интерес или искуство во една или повеќе од следните области:
- дигитален активизам;
- дигитално управување;
- граѓанско учество;
- младинско учество;
- стратешка комуникација;
- застапување;
- социјални медиуми и дигитални технологии.
Се охрабруваат да се пријават млади со различни искуства, знаења и перспективи.
Клучни информации
📅 Датум: 13–15 октомври 2026 година
📍 Локација: Скопје, Северна Македонија
👥 Возраст: 18–29 години
🌍 Учесници: до 30 млади од Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Кипар, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Украина
💬 Формат: тридневен физички Mini-Lab со експертски сесии, практични вежби, учење од врсници и заедничко планирање
💶 Трошоци: патувањето, сместувањето и оброците за избраните учесници се покриени од организаторите.
Како да се пријавите?
Заинтересираните кандидати можат да ја поднесат својата апликација преку Апликацискиот формулар.
Рокот за пријавување е продолжен до 25 септември 2026 година, 23:59 часот (TRT, UTC+3).
За дополнителни прашања можете да се обратите на:
Siraz Erureten, Youth Engagement Associate – [email protected]
Biljana Cvetanovska Gugoska, Policy Specialist – [email protected]
Ivana Petrovska, Local Government Specialist – [email protected]