Стипендии за курсеви по германски јазик во Баварија 2026
Со задоволство ве информираме за новата понуда на стипендии од страна на Слободната Држава Баварија за курсеви по германски јазик на високообразовни институции во Баварија во 2026 година. Стипендиите за курсевите што се одржуваат со физичко присуство во Баварија ги покриваат школарината, сместувањето и оброците.
Студенти и млади академици од сите области со средно ниво на познавање на германски јазик (најмалку ниво Б1) од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија и Украина можат да аплицираат за летните стипендии на BAYHOST. Во моментот на аплицирање, студентите мора да имаат завршено најмалку два цели семестри на високообразовна институција во својата матична земја и да приложат соодветен доказ за постигнат успех. Апликантите мора да бидат државјани на една од наведените земји.
Крајниот рок за аплицирање е 23 март 2026 година.
Апликациите се поднесуваат исклучиво преку онлајн формуларот.
Повеќе информации за процесот на аплицирање и за јазичните курсеви може да се најдат на веб-страницата на BAYHOST и на нивниот Facebook профил.
Може да ја споделите оваа информација до студенти и други заинтересирани лица и Ве известуваме дека BAYHOST има нова веб-страница, што значи дека старите линкови можеби повеќе не се активни.
Достапна е и промотивна разгледница. QR-кодот отпечатен на разгледницата води до актуелниот онлајн флаер, кој нуди сеопфатен преглед на понудите на BAYHOST за студенти и млади истражувачи од Централна, Источна и Југоисточна Европа.